Поранешниот фудбалер Ристо Дориев кој остави огромен белег во струмичкиот фудбал а завчера почина по кратко боледување во Италија ќе биде погребан утре во селото Зубово во 13 часот информираа неговите најблиски.
Во својата фудбалска кариера играше за неколку македонски клубови меѓу кои, „Беласица“, „Тиверија“, „Борец“… По завршувањето на фудбалската кариера живееше во Италија.
Ристо Дориев е татко на Љупче Дориев кој игра за Академија Пандев и повремено настапува за македоснката фудбалска репрезентација