• Sat. Nov 23rd, 2024

Има потенцијал за македонско- јапонска бизнис соработка

Министерот за економија Крешник Бектеши денес оствари средба со новоименуваниот  амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Хиронори Савада.

Министерот му посака успешен мандат на амбасадорот во нашата земја и изрази задоволство од досегашната соработка.

На средбата беше констатирано дека има има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување.

Во таа насока министерот Бектеши ја нагласи важноста од продолжување и интензивирање на заемната соработка на сите полиња, особено зајакнувањето на билатералната трговија и зголемувањето на јапонските инвестиции во земјата.

Министерот Бектеши го информираше амбасадорот Савада за мерките кои што ги превзема Владата во изминатиот период за поддршка на економијата во справување со негативните последици предизвикани од пандемијата, при што информираше дека во наредниот период засилено ќе се работи во реализација на инвестиции во делот на инфраструкутирата и енергетиката, посебно во делот на гасификацијата како и обновливите извори на енергија.

„Работиме на развивање на економијата и создавање на услови за нејзин раст и развој по смирувањето на пандемијата, но и сите негативни страни да ги искористиме како можности во периодот кој следи. Посветени сме во поддршка на работниците и целокупната економија, но и привлекување на инвестиции. За нас од голема важност е соработката со земји како Јапонија со која имаме голем неискористен потенцијал во делот на трговската размена“, кажа министерот Бектеши.Бектеши се сретна со јапонскиот амбасадор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *