• Fri. Nov 22nd, 2024

Идната недела почнува реконструкцијата на обиколницата кај Богданци

Општина Богданци инфирмира дека идната недела ќе се започне со подготвителни активности за реализација на пректот Реконструкција на Државен Пат Р1109, Делница обиколница на Богданци – прва фаза.

Според објавата на официјалната страна на општината, предметната локација на патот од наведената делница ќе се третира како градилиште во кое ќе се реконструира истата. Таа ќе биде затворена за сообраќај, додека сообраќајот за тешки товарни возила ќе биде пренасочен кон улица Маршал Тито во Богданци. Ваквиот времен режим на сообраќај подразбира и воведување на забрана за запирање и паркирање на возила на улицата Маршал Тито (на потегот од „Каменот“ до спојот со раскрсницата на ул.„Петар Мусев“), се до целосно завршување на градежните активности.

Се апелира до граѓаните да наидат на разбирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *