• Fri. Nov 22nd, 2024

И со замрзнати цени, зеленчукот е прескап за струмичани

Со замрзнати цени или не, зеленчукот и овошјето стануваат луксуз за граѓаните. Струмичани велат дека секое намалување е добредојдено, но, примањата на просечниот Македонец се толку ниски, што во моментов не можат да си ги дозволуваат најголемиот број производи што ги има на пазарите.

И претставниците на земјоделците повикуваат на внимателност, но, во однос на производството што допрва ќе излегува. Сметаат дека треба да се внимава да биде заштитено и домашното производство со тоа што ќе има доволно извоз за да се планира, но и граѓаните, бидејќи неконтролираниот извоз може да ги зголеми цените.

Во моментов е рано да се предвидува како ќе течат пласманите на раноградинарското прозиводство. Во струмичко стасуваат првите реколти на пролетната зелка,м а другите култури ќе стасат за неколку седмици.