• Fri. Nov 22nd, 2024

И следната недела продолжува „Гевгелиско културно лето“

„Гевгелиско културно лето“, во организација на Јавните општински установи Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Пионерски дом- Гевгелија и Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија продолжува со програмските активности и наредната недела.


           На 12 јули, 2022 година (вторник), на ракометното игралиште „Партизан“, Танцовото студио за хип-хоп и модерни танци „Мистик“- Гевгелија ќе се претстави со кореографии во целина насловена „Летно шоу“. На 13 јули, 2022 година, на летната тераса „Аполонија“, ќе биде отворена Завршната изложба на колонијата „Аполонија 2022 година“. На колонијата ќе бидат застапени ликовна дела на уметници од Гевгелија и други градови од државата. Тие изминатиов период твореа во рамки на колонијата. Истиот ден, пред платото на Библиотеката, со почеток во 20:00 часот, во Гевгелија ќе биде одбележана 75-годишнината на Друштвото на писатели на Македонија.

На настанoт, ќе се обрати Претседателството на ДПМ. Неколку члена ќе се претстават со читање поезија. Во четврток програмата за втората недела од „Гевгелиско културно лето“ ќе заврши со Изложба на традиционални носии со живи скулптури. Изложбата е со наслов „Колоритот на традицијата“. Оваа изложба ќе биде отворена во 21:00 часот, на платото пред Народниот театар. Таму ќе бидат претставени традиционални носии за социјален статус девојка од повеќе етнички предели. Такви се Скопска Црна Гора, Скопска Блатија, Мијаци Азот, Мегленски Власи, Дурачка Река, Охридско Поле и Голо Брдо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *