• Sat. Nov 23rd, 2024

И Бугарија прогласи Ден на жалост

И Република Бугарија ќе прогласи Ден на жалост. Како што најави во Варна, бугарскиот вицепремиер и министерот за социјала, Галеб Донев, миниситерскиот совет ќе го прогласи утрешниот ден 24 ноември 2021 година за Ден на жалост, пренесува БГ нес.

Според Донев, Ден на жалост се прогласува за жртвите од двете несреќи што се случија во Бугарија, автобуската во која загинаа најмалку 45 лица, како и жртвите загинати во пожарот во Домот за стари лица во селото Рујак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *