Се очекува акциите на FCA да доживеат голем пад непосредно пред заминувањето на Серџо Маркионе од местото прв човек на FCA, што ќе ја намали вкупната цена на групацијата.
Клучното име во целата работа наводно е Пол Сингер, директорот на Elliot Management, кој поседува акции во Hyundai во вредност од милијарда долари.
Тој неодамна го именуваше директорот на FCA за Европа, Блискиот Исток, и Африка, Алфредо Алтавиј, за член на управниот одбор на Телеком Италија, компанија во која исто така поседува голем дел од акциите.
Азиските медиуми, истакнуваат дека Маркионе го привлекол вниманието на Hyundai, користејќи го интересот на кинеската компанија Great Wall Motor.
Маркионе претходните години отворено зборуваше за желбата на FCA да се интегрира со други големи произведувачи.
Во текот на 2015 година, тој се обидуваше да се избори за договор со General Motors, но американската компанија ја одби таа понуда.
извор:www.kajgana.com.mk