По иницијатива на Лејди бајкер пауер во соработка со Бајкерс Гараж и струмичкиот клуб Цар Тауер рајдерс, денеска во Струмица се одржа хуманитарна акција. Присутните донираа играчки, облека и средства за семејства во ризик.
Од Христијанската мото асоцијација велат дека редовно организираат хуманитарни активности за оние на кои им е неопходна помош.
Од струмичкиот клуб Цар Тауер рајдерс велат дека и понатаму ќе учествуваат во поддршка на хуманитарни акции, но и на промоција на безбедно возење.
Организаторите велат дека важно е да им се помага на најранливите, а како моторџии да се стремат кон почитување на правилата и подигнување на безбедноста во сообраќајот.
Настанот го поддржа компанијата Еуромакс ресурсис и Интерконсулт плус.