По повод Меѓународниот ден на храната и Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата СОУ„Димитар Влахов“ од Струмица организира хуманитарна акција. Од училиштето ги повикуваат сите граѓани кои сакаат да се вклучат во акцијата да донираат храна или облека.
-Заинтересираните граѓани кои сакаат може да донираат храна или облека во просториите на училиштето до 12 октомври, информираат од школото.
Собраните средства ќе бидат донирани на 14.10.2022 година во соработка со Фондација „Елеуса“ и ЗАводот за рехабилитација „Бања Банско“ .