Вечерва се одржа хуманитарен настан на Елеуса Фондација на кој се презентираа активностите на организацијата од изминатите девет месеци. Преку кратки видеа фондацијата ги запозна своите соработници, поддржувачи, но и струмичката јавност со организираните хуманитарни и едукативни настани.
Вечерашниот хуманитарен настан е организиран со цел да се соберат средства за подготовка на пакети со храна и средства за хигиена за граѓани кои се во социјален ризик.