За новогодишните празници речиси сите сместувачки капацитети се резервирани. Гости од земјава, Бугарија и Србија ќе ја дочекаат Новата 2023 година во дојранските ресторани и хотели. Угостителите се задоволни што за празниците ќе имаат полни раце работа.
Дојран и годинава е подготвен да ги пречека туристите. Градоначалникот Ангов смета дека полека се развива туризмот во градот во постудените денови.