Хељдата како растение долго не беше во широка употреба во земјава. Но, честите изјави на нутриционистите дека хељдата е извор на здравје, ја внесоа во менито на граѓаните. Многумина сметаат дека таа им припаѓа на родот на житарките, но тоа не е точно. Таа е всушност семе од овошје и е совршена замена за житарките. За земја на потекло на хељдата се смета Индија, а особено е популарна во Русија.
Таа е одлична замена за житарките, особено кај лица алергични на глутен. Цветовите од хељдата се многу привлечни и за пчелите. Тие ги користат за да направет мед со специфична темна боја и вкус. А еве зошто хељдата е извор на здравје:
- Таа е најдобар извор на висококвалитетни и лесно сварливи протени. Ова ја прави одлична замена за месото.
- Замена за штетните масти. Скробот од хељдата може да се користи и како замена за додадени масти во прехранбените производи.
- Во листовите содржи голема количина на супстанцата рутин. Оттука се естрахира и се користи за намалување на високиот крвен притисок.
- Не предизвикува алергии. Лушпите од хељдата се користат за полнење перници. Наменети се претежно за лица што страдаат од лаергии на полен, прашина или пердуви.
- Може да помогне при дијабетес. Таа има гликемиски индекс 54 и е добра за намалување на крвниот шеќер.
- Одлична е за добро варење. Ги чисти и зајакнува цревата и го подобрува апетитот.
- Не се третира со многу хемикалии. Расте толку брзо што нема потреба од прскање и заштита.
- Помага во отстранување на вишокот вода од организмот. И на вишок течности што се собираат во телото во вид на отоци.
- Се класифицира како јанг храна. Макробиотичарите сметаа дека е одлична за јадење и во зима.
- Не содржи глутен и не е житарка. Токму затоа е одлична за лицата коишто се алергични на глутен.