Познатите личности од светот на шоубизнисот се обединија со една и единствена цел , а тоа е да се соберат средства за настраданите од од ураганите Ирма и Харви. За време на едночасовната хуманитарна емисија „Hand in Hand hurricane relief benefit“ беа донирани 14 милиони долари, а досега сумата достигна до 44 милиони долари.
Леонардо Дикаприо, Опра, Бијонсе, Шер, Џеј Лено, Гвен Стефани, Џорџ Клуни, Стиви Вондер, Џастин Тимберлејк, Џастин Бибер, Брус Вилис, Џаред Лето, Никол Кидман, Рис Витерспун, Џулија Робертс, Софија Вергара, Кејт Хадсон, Том Хенкс, Рита Вилсон, Стивен Колберт, Роберт Де Ниро, Џејми Фокс и Метју Меконахи беа дел од бројните ѕвезди кои побараа донации и испратија пораки за поддршка и обединетост.