Големо раздвижување на граничните премини има утрово.
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за влез и излез е од 30 до 45 мин со можност за зголемување во наредните часови.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Инаку сообраќајот се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани:.