Група научници бараат нова истрага за потеклото на коронавирусот. Заедничката студија на Кина и Светската здравствена организација за коронавирусот не дала веродостојни одговори за тоа како започнала пандемијата и потребни се поригорозни истражувања, со или без Пекинг, изјавија група меѓународни научници и истражувачи.
Во заедничката студија објавена минатата недела беше посочено дека најверојатниот пат за пренесување на коронавирусот вклучува лилјаци и други диви животни во Кина и Југоисточна Азија. Беше исклучена можноста дека вирусот протекол од лабораторија.
Во отворено писмо, 24 научници од Европа, САД, Австралија и Јапонија изјавија дека студијата е нарушена од политиката.
Тие сакаа да постигнат толку компромиси колку што е потребно само за да постигнат минимална соработка со Кина“, рече Џејми Мецл од Атлантскиот совет, кој го напиша писмото.
Во писмото се наведува и дека заклучоците од студијата се засновани на необјавено кинеско истражување, додека критичните записи и биолошките примероци „остануваат недостапни“.
Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебреизус минатата недела изјави дека Кина негирала некои податоци.
Лианг Ванијан, виш кинески експерт за Ковид-19, го негираше ова и се чини дека ги отфрла сите понатамошни заеднички истраги во Кина, велејќи дека фокусот треба да се насочи кон другите земји.
извор: Макфакс