• Fri. Nov 22nd, 2024

На прсти се бројат грнчарите во радовишко, Манасиев иако пензионер не се откажува од занаетот

Иако одамна е во пензија сепак љубовта кон грнчарството како  занает не е пензионирана. Велин Манасиев од Габревци општина Конче секојдневно изработува грнчарски производи. Занаетот го презентираше и на радовишкиот плоштад со надеж дека некој млад ќе го засака па ќе го учи. На грнчарското колче обликуваше стомна. Тврди дека во овој регион нема други колеги камоли пак млади

Цели 40 години се занимава со овој занает. Паралелно се занимавал со земјоделство. Занаетот го смета како дополнителен приход и постојано со неговата сопруга оди по пазарите во Струмица, Радовиш, Штип и Кочани. Тврди дека се бараат овие производи што за употреба што за украси

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *