„Основата на стабилно општество е општество кое функционира транспарентно, одговорно и ефикасно, врз основа на законските и системските правила, независно од тоа која политичка гарнитура е на власт. Корупцијата е проблем кој нè загрижува сите и затоа треба сите заедно, Владата, надлежните институции, невладиниот сектор да работиме на креирање на антикорупциски политики и на нивно доследно имплементирање“, нагласи заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на денешната работилница за јакнење на капацитетите и имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (УНКАК).
Во своето обраќање вицепремиерката Грковска потенцираше дека нашата држава во борбата против корупцијата, на листата на Транспаренси интернешнл постигна скок од 24 места, што е за поздравување, но и обврска да се работи уште повеќе за да се постигнат подобри резултати.