• Sat. Nov 23rd, 2024

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска се обрати на онлајн настан на тема „Колку се отворени институциите во Северна Македонија“, организиран од Фондацијата Метаморфозис, на кој беше промовирана проценката на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност според мерењето за 2021 година.

Во своето обраќање вицепремиерката Грковска ја истакна важноста на транспарентноста како предуслов за развој и добро владеење. Нагласи дека изминатите неколку години Владата презема значајни чекори за подигнување на фискалната транспарентност, но и генерално за транспарентноста во целина, а тоа беше препознаено и од граѓанските организации, кои ја рангираа Владата на првото место според активната транспарентност, но исто така и од страна на Стејт Департментот, каде според Извештајот за фискална транспарентност за 2022 година, се вбројуваме меѓу земјите кои ги исполнуваат нивните критериуми за фискална транспарентност.

„Транспарентноста е важен фактор во имплементирањето на успешни антикорупциски политики. Овозможува граѓаните, граѓанските организации како и претставниците на медиумите полесно, побрзо и поефикасно да добиваат информации за работењето на институциите, а со тоа и да вршат контрола во нивното работење. Тоа особено важи кога е во прашање трошењето на јавните средства и користењето на државните ресурси, но и на целокупното работење“, потенцираше Грковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *