• Sat. Nov 23rd, 2024

Грција ги признава сите вакцини против коронавирус за влез во земјата

Сите вакцини, дури и оние кои не се одобрени од Европската агенција за лекови, ќе бидат признати од Грција за влез, објави „Катимерини“, повикувајќи се на претставник на здравствената комисија, кој ја советува владата за прашања поврзани со пандемијата.

Вана Папаевангелу рече дека одлуката е донесена по препорака на комисијата. Вакцините што ќе бидат признаени се Новавакс, Синовак, Спутник V, Синофарм и КанСино.

Папаевангелу истакна дека туристите ќе можат да влегуваат во Грција преку копнените граници, а упатствата за хотели и бродови ќе бидат дополнети со тоа што ќе се бара вработените да бидат вакцинирани или тестирани за коронавирус секоја недела.

Таа истакна дека 98 проценти од смртните случаи во изминатата недела се случиле кај луѓе кои не биле вакцинирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *