Струмичани се револтирани од непрописното паркирање во централниот дел од градот. Велат дека цели улици се претворени во еднонасочни поради возилата коишто се оставаат на необележени места и со тоа се блокира целата сообраќајна лента.
Вакви забелешки има за повеќе делници, а фотографиите коишто стигнаа во редакцијата преку апликацијата Граѓански новинар, конкретно говорат за улицата којашто покрај општината и малиот градски парк оди кон струмичкиот музеј.