• Fri. Nov 22nd, 2024

Граѓански новинар: Улицата „Максим Горки“ во Струмица тоне во ѓубре

Жителите на улицата „Максим Горки“ во Струмица се жалат дека тонат во ѓубре. Тие испратија фотографија од контејнерите за кои велат дека постојано се полни и дека се недоволни за станбените единици во тој дел од градот.

„Еве неколку дена по ред контејнерот на улица “Максим Горки 40” постојано се полни, никој од надлежните не превзема мерки. За истото ѓубре се пријави неколку пати но никаков резултат.

Оваа слика ви ја испраќам,доколку може да објавите, чисто сторителите да се пронајдат самите и да видат колку грозно стои сето тоа ѓубре,да речеме некаде во центарот на градот.Едноставно не е хумано од 10 згради околу да има само 2 контењера,и кој дека најде да фрла ѓубре“, се вели во реакцијата упатена преку апликацијата Граѓански новинар на Тв ВИС.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *