• Fri. Nov 22nd, 2024

Граѓански новинар: Масовно труење кучиња во Струмица-за два дена Комуналец собрал дваесетина трупа

Мртви кучиња по централните улици на градот и пред влезовите на зградите. Како од хорор филм е сликата овие два дена во Струмица. Масовно труење на улични кучиња било најверојатно организирано бидејќи отровни паштети биле поставени на многу локации.

Струмичани реагираа преку апликацијата Граѓански новинар за безмислосното труење, но и затоа што труповите на кучињата два дена се по јавните површини и тротоарите.

Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, велат дека овие два дена се подигнати трупови на 14 кучиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *