Преку апликацијата Граѓански новинар беше испратено незадоволство на жители од населеното место Добрејци кои пред некој ден цел ден немале вода во системот. Во дописот на граѓански новинар се вели:
-. На ден 22 март 2022 година цел ден немаше вода за пиење во населеното место Добрејци. Зарем не е срамота во 21 век да немаш вода за пиење, за вршење на работни активности, за лична хигиена, прашуваат загрижените граѓани.
ТВ Канал Вис ги контактираше надлежните служби во ЈПКД „Комуналец“ од каде што потврдија дека во Добрејци поради интервенција на водоводната мрежа жителите нмале вода во периодот од 7 часот наутро до 19 часот.
-Уверуваме дека станува збор за интервенција која бараше толкав интервал на реализација Граѓаните да бидат смирени, снабдувњето со вода во општината е нормално, истакнаа од Комуналец.