Преку апликацијата на ТВ Канал ВИС стигна поплака од граѓани за наведната бандера во центарот на градот. Според дописот од загрижени граѓани се вели:
-Се работи за накосена бандера кој веќе е во критична положба и потпрена на приватна куќа. Покрај повеќето обиди да пријавиме во институции, досега не успеавме. Локацијата каде е поставена бандерата е во центарот на градот. Сметаме дека не се работи за еден проблем туку за повеќе кои се на штета на градот, на штета на нашето здравје и на штета на нашата безбедност.
ТВ Канал Вис ги контактираше во ЕВН, велат дека станува збор за столб кој е гнил и навален кон објектот, и дека недостатокот е констатиран.
-Екипи на ЕВН го констатирале недостатокот и веќе е подигнат нов бетонски столб. В четврток ќе ја префрлиме нисконапонската мрежа на нов столб и стариот ќе го демонтираме. Уште минатата недела имаме планирано исклучување и најава за работа, се вели во информацијата од ЕВН.
Оттаму додаваат дека недостатокот го евидентирале бе зда биде пријавен случајот до нив.