Преку апликацијата Граѓански новинар до ТВ Канл Вис пристигна поплака за кражби во новите згради во Карпош маало.
Во дописот од загрижените жители се вели:
-Во последните два дена во Карпош маало во новите згради има повеќе од три кражби. До каде е и враќањето на реонските полицајци? Се вели меѓу другото во поплаката.
Од 01.01.2022 до 01.04.2022 година во СВР Струмица се пријавени 6 кривични дела „кражба“ извршени во реонот „Карпош“ во Струмица и по истите се преземаат мерки со цел откривање на сторителите, велат во писмената информација од струмичката полиција.
– Позорниот (реонски) полицаец е служба која секојдневно ја извршуваат полициски службеници од полициската станица Струмица, распоредени по претходно издадена наредба со утврдено време и место на патролирање, се вели во информацијата.
Инаку кога станува збор за извршени кривични дела „тешка кражба“ во куќи и станови на подрачје на Струмица, од струмичката полиција информираа дека
– во 2020 година биле пријавени 48 вакви кривични дела;
– во 2021 година пријавени се 35 кривични дела;
– во првото тримесечие од 2022 година пријавени се 16 кривични дела извршени во куќи и станови.