Општина Василево ги поканува своите сограѓани да се вклучат во креирањето на Програмите и Буџет на општина Василево за 2023 година.
Заради поедноставување на процесот и поголема вклученост на граѓаните, на својата веб страна, општината креираше посебна форма УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЗА 2023 ГОДИНА, http://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151, преку која на најбрз, едноставен и лесен начин граѓаните ќе може да ги достават своите предлози и идеи до општината.
„Почитувани сограѓани, да го креираме Буџетот на општина Василево за 2023 година, заедно. Вашето учество во буџетскиот процес е најважниот дел во креирањето на политиките и развојот на општината. Затоа, општина Василево, упатува отворена покана до сите свои граѓани, до 10.11.2022 година, со сопствени предлози и идеи да се вклучат во креирањето на Буџетот и на идниот развој на општината.
Предлозите и идеите може да се достават лично во просториите на општина Василево, во писмена форма преку архивата на општината,или преку специјално за таа намена креираната форма на нашата веб страна, УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЗА 2023 ГОДИНА, http://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151.“