Струмичани се разгневија на социјалните мрежи по објавениот текст на Канал ВИС за узурпацијата на јавниот простор. Десетици коментари ги поддржуваат граѓаните коишто испратија протестни пораки и фотографии преку апликацијата Граѓански новинар, во кои се посочуваат кафулињата и трговските дуќани како виновници што голем дел од тротоарите не се продони за пешаци, велосипедисти или мајки со детски колички или лица со попреченост.
Струмичани велат дека профитот не смее да биде одогвор на се, дури и на спречувањето на луѓето слободно да се движат низ градот.
Но, не само деловните објекти и кафулињата, туку и погрешно паркираните автомобили според струмичани се голем узурпатор на јавниот простор. Граѓаните сметаат дека нужно е да се воведе ред и да се ослободат површините и да се користат онака како што им е намената.
Од општина Струмица, пак, велат дека комуналните инспектори се на терен и се контролираат ваквите појави, но, се согласуваат дека треба поинтензивни проверки.