• Sun. Nov 24th, 2024

Графит „Засекогаш деца“ во центарот на Струмица

Графит „Засекогаш деца“ го краси ѕидот на зградата до близина на  споменикот „Струмичанка под маска“. Станува збор за креација Иван Христов –Киндер и Драги Кискин во рамки  на Стрит фестивалот организиран од Општина Струмица под мотото #ГрадНаКултурата.

Двајцата уметници се дел од струмичката рап група Дивизија, а името на графитот потекнува од нивната истоимена песна „Засекогаш деца“ од нивниот албум: „Втора шанса“ издаден во 2014 година.

Дивизија е најстариот бенд  во Струмица кој датира од 2000та година ,а е активен до денес има издадено 5 албума. Бендот го сочинуваат  Киндер, Кискин, Хроник, Бандит, Фарс, Дукс, и Dj  Popeye.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *