• Sat. Nov 23rd, 2024

Градоначалникот на Ново Село позитивен на Ковид 19

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорги Божинов, денеска на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид 19.

-Почитувани сограѓани, драги пријатели. Денеска добив позитивен резултат на тест за Covid-19. Согласно правилата и насоките Ве известувам дека во наредните неколку денови нема да бидам во можност да остваруваме средби. Инаку, се чувствувам добро, без особени симптоми и се надевам дека за брзо време ќе се вратам на работното место за да го продолжиме заедничкото работење за нашата Општина Ново Село.Чувајте се! Бог да ве благослови, пишува Божинов на својот ФБ профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *