• Thu. Nov 21st, 2024

Гости од Романија и Бугарија во посета на археолошки локалитети во струмичко

Гости од Романија и од Бугарија се во посета на Општина Струмица и гости на Завод и музеј Струмица. Тие во рамки на програмата ги посетиле локалитетот Цареви Кули и Римската терма во Банско, информираат од Музеј.

-Заедно со нашите гости ги посетивме двата археолошки локалитети во Струмичко – Цареви кули и Римската бања Банско во рамките на проектот „DIGI heritage NOW- Digital Heritage – Нови можности за раст на културниот сектор“, финансиран од Европската Унија преку Еразмус. +. Партнери на проектот се Здружението „Вола отворен ум“ – Бугарија и SC IPA SA – Романија, напишаа на својата ФБ страна од Завод и Музеј Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *