Горните делови од Струмица се без вода. Од Комуналец информираат дека настанал проблем со водоснабдувањето поради зголемената потрошувачка.
„Поради високите температури и зголемена потрушувачка на водата некои населени места како и горните делови од градот се без вода. Се обидуваме да постигнеме стабилност на системот со минимални рестрикции. За поскоро елиминирање на проблемот апелираме до сите рационално да ја користат водата исклучиво за потребите на домаќнствата,“ апелираат од Комуналец.