Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/литар со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 86,50 ден/литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 денари и ќе изнесува 86,50 ден/литар.