Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.39%.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 3.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 105.50 денари.
Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат по 2.50 денари, па еден литар 95-октански бензин од вечерва ќе чини 108 денари, додека еден литар дизел ќе чини 101 денар.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.