Повторно гори старата депонија во Гевгелија. Вчера, во попладневните часови околу 17:25 часот, до ТППЕ- Гевгелија е пристигната пријава за пожар кај старата депонија, под Прочистителната станица.
Како што објавија новинарите на Тв Нова 12 од Гевгелија, од страна на ТППЕ Гевгелија се преземени мерки за локализирање на пожарот, делувајќи со две пожарникарски возила и 5 пожарникари. Од огнените јазици се зафатени површина со трева и капини. Со брзата интервенција на пожарникарската екипа е спречено проширување на огнот до околните земјоделски површини со жито. Од ТППЕ- Гевгелија истакнаа дека причината за пожарот е подметнување и дека се работи за човечки фактор.
Бидејќи пожарот не е изгаснат, денеска од страна на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија е испратена екипа за гаснење и расчистување на настанатите штети.