• Fri. Nov 22nd, 2024

Гори депонијата во Босилово

Гори депонијата во Босилово а неподнослива смрдеа и чад ги гуши жителите на селото, напиша на својот фејсбук профил независниот советник во о.Босилово, Стојан Велков.

Тој ги повика сограѓаните заедно да реагираат и да побарат од општинската власт ова прашање да биде високо на приоритетната листа.

„Имам информации дека од страна на комуналното претпријатие „Огражден“ – Босилово, утрото се повикани пожарникари, но цел ден ниту има пожарна, ниту никој друг од надлежните ја гаси!!! Ама мора да сфатиме дека гасењето е само секундарно и привидно решение. Трајното решение ќе дојде кога сите советници, градоначалникот и директорот на комуналното ќе сфатат дека тоа е огромен проблем со висок приоритет и дека веднаш мора да се зафатиме со решавање на тој проблем!

Ќе помине и тој чад, и пак ќе дојде друг. Овие депонии загадуваат не само кога горат. Тогаш само директно ги чувствуваме последиците. Од наталожениот разновиден отпад, преку дождот разни видови на штетни материи се слеваат во подземните води.

Се’ што треба да се направи е:

1. Да се постави редар кој ќе го контролира отпадот.

2. Да се донесе планот за селекција и да се најде човек кој или со свое возило или со ввозило од кумуналното (надвор од работното време) во одредени денови ќе го носи селектираниот отпад во откупниот пункт, а од продадениот отпад ќе се обезбеди плата за човекот што ќе го врши транспортот,“ вели Велков.

Тој потенцира дека и утре за време на седницата на советот на општина Боислово ќе зборува за горењето на депонијата и потребата за селекција на отпадот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *