„III-4 го обединува градот“. Вака ја насловија хуманитарната акција третооодделенците од основното училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица и нивната наставничка Невенка Дончевска. Денеска тие на струмичкиот плоштад собираа донации за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија и со големиот број донирани пакети пкажаа дека се исполнила нивната мисија. Наставничката вели дека одзивот е над очекувањата.
Освен учениците и наставници, на акцијата се приклучија и родителите на децата, кои ги примаа пакетите и ги забележуваа донациите.
По двочасовната акција на градскиот плошат, пакетите ги презема Црвен крст Струмица, кои ќе ги достават до Скопје од каде ќе се носат во настраданите подрачја.