Голем дел од струмичките лекари од утре нема да користат „Мој термин“. Ова е одлуката на матичните лекари по најавите дека ќе се приклучат на протестот.
Утре матичните лекари во земјава нема да работат со пациенти за користење на Мој термин, туку само со итни случаи. Ова е протест на докторите од малите средини и амбулантите со мал број пациенти, кои се судруваат со можноста за затворање, оти со постојната капитација не можат да опстанат.
„Овој протест е поради низа причини со кои се судруваме во работата, како малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018. Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест“, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари (ЗПЛМ).