Голем број стари лица во струмичко имаат потреба од негуватели. Особено во подбеласичките села каде најголемиот дел од младото население е иселено, па се останати претежно возрасни и изнемоштени граѓани.
Ова е ставот на Николина Стојкова, негувателка на стари лица. Таа секојдневно посетува три лица и им помага во извршувањето на нивните потреби.