Годинава започнува изградбата на гасоводот од Неготино до Гевгелија
До средина на оваа година ќе извадиме одобрение за градење а до крај на годината, а може и порано да распишеме тендер за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Гевгелија.