Зголемени приноси од житни култури може да се очекуваат оваа сезона доколку времето и понатаму остане во овие разумни температурни граници. Поголеми приноси на пченица, но и сончоглед може да се очекуваат и поради зголемените површини.Оваа година се засадени многу ниви со овие две култури. Со растот на цените на светските берзи дојде до драстичен пораст на цените на основните прехрамбени продукти во малопродажба. Исто така се зголеми и интересот за одгледување на дел од овие култури.
– Од она што го забележуваме на терен, и од сегашните временски прилики можам да кажам дека може да се очекува позитивен ефект кај производството на земјоделски култури. Со заладувањето и дождовите културите се освежија. Освен онаму каде што има штети од невремето и од градот.
Но, генерално очекуваме подобар род годинава и кај јачменот, и кај пченицата, па и кај сончогледот. Се забележа исто така дека оваа година имаме значително поголеми површини кои се засадени со пченица и со сончоглед. Има многу одгледувачи кои лани саделе пченка, но годинава се ориентираа кон сончоглед. Добро е што се враќаат на нивите, но битно ќе биде какви цени ќе им бидат понудени на земјоделците за откуп на производите.
Тој потенцира дека сепак, домашните потреби од жито, или сончогледово масло нема да може да ги задоволиме без увоз.
– Очекувано е приносите да бидат поголеми и кај пченицата и кај јачменот, па и кај сончогледовото масло. Сепак, тие се далеку од доволни за задоволување на домашните потреби од овие производи. Сепак, за да се вратат културите на нивите, и за да се зголеми домашното производство, битни се владините политики и откупните цени кои ќе овозможат земјоделци да ги покриваат трошоците за да бидат мотивирани за одгледување земјоделски култури.