• Fri. Nov 22nd, 2024

Мартин Гоцев со злато на шаховското отворено првенство до 8 години

ByВане Трајков

Dec 12, 2022

Мартин Гоцев член на ШК Цареви Кули од Струмица стана Шампион на Отвореното првенство на град Скопје за млади до 08, 10 и 12 години, кое викендов се одржа во ПОУ „Јахја Кемал – Скопје, во организација на Шаховски Сојуз на Град Скопје. Тој го го освои златниот медал во категоријата до 8 години освојувајки 6 поени на турнирот.

,,Ова е феноменален резултат за една многу млада личност која со својот талент и упорна работа успеа да се закити со овој вреден шаховски трофеј,, објавија од ШК Цареви Кули

Покрај Мартин, на турнирот учествуваа уште 9 членови на клубот кои исто така освоија високи резултати

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *