• Fri. Nov 22nd, 2024

„Глобал“ се враќа во функција

Од денеска се враќа во функција трговскиот центар „Глобал“. Неопожарениот дел е полн со трговци, но и граѓани коишто од рано утрово го посетија пазарот.

„Глобал“ не работеше два месеца, од пожарот што настана на 2 јануари. Се очекува дека за месец и половина ќе биде готов и делот што изгоре.

Пред еден месец Обвинителството соопшти дека се уште ги нема причините како настанал пожарот во ГТЦ Глобал во Струмица кој уништи повеќе трговски дуќани и тезги. Од таму велат дека интензивно се работи на случајот.

Досега биле сослушани 15 тина лица кои можеле да дадат податоци за критичната ноќ.  Се вештачаат и ресиверите од видео надозорот на дел од објектите во Глобал. Pаралелно се вештачи и сета градежно техничка документација за објектот земена од општина Струмица но и Комуналец со реалната собтојба на објектот.

,, Обвинителството ја одзеде целокупната гадежно техничка документација од општината во врска со ТЦ Глобал, по што се дадени наредби за вештачења кои се очекуваат да пристигнат. Пристигнати се податоци и документација која беше побарано од ЈПКД Комуналец Струмица, претпријатието кое стопанува со  тезгите – пазарот во внатрешниот дел на ТЦ Глобал,, кажаа од Јавното обвинителство тогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *