• Fri. Nov 22nd, 2024

Гласањето во Мокриево се продолжува за три часа

Гласањето во Мокриево се продолжува за три часа. Во едно од двете избирачки места коишто се наоѓаат во училиштето во село Мокриево гласањето ќе трае до 21.55 минути.

Проблемот настанал утрото уште на самото отворање на гласачкото место. Терминалите за идентификација не успеале да профункционираат. ИТ службата на ДИК донела втор терминал, но и тој не работел. По повеќе обиди, одлучено е гласањето да почне како и досега, со УВ ламба.

Проблеми имало и во соседното избирачко место, кое се наоѓа неколку училници подоле, меѓутоа таму гласањето се одвива со помош на терминалите, а оние граѓани коишто нема да се идентификуваат и по повеќе обиди, продолжуваат со гласањето со помош на ув ламба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *