Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Божинов е новиот градоначалник на општина Ново Село. Ова се првичните неофицијални резултати од партиски извори, според кои, Божинов го победил својот противкандидат од СДСМ со повеќе од 200 гласа разлика.
Во Ново Село веќе се слави победата на Божинов со музика и голем број симпатизери и членови на партијата.