Гевгелија со најмногу вакцинирани граѓани со една доза вакцина во државата. Во овој град речиси половина од населението над 18 години примило барем една доза вакцина, или 46,2%.
Во Југоисточниот регион втор град со најмногу вакцинирани е Валандово, помеѓу 30 и 40% од возрасното насление примило барем една доза вакцина. Помал е бројот на вакцинирани во Струмица и Радовиш, каде бројот на вакцинирани возрасни граѓани е помеѓу 20 и 30%.
Заклучно со 1 август, 31% од населението во државата над 18 години е вакцинирано со прва доза вакцина.
Најголем опфат со една доза вакцина има во градовите Гевгелија 46,2%, Кавадарци 46,1%, Охрид 45,4%, Битола 43% и Штип 41,1%.
Помеѓу 30 и 40% со прва доза на вакцина е опфатено населението во Скопје, Демир Хисар, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово и Пробиштип.
Помеѓу 20 и 30% од населението во Св.Николе, Кочани, Виница, Делчево, Куманово, К.Паланка, Кратово, Струга, М.Брод, Струмица и Радовиш.
Најмалку вакцинирани има помеѓу жителите на Кичево 18,2%, Дебар 18,6%, Тетово 19,4% и Гостивар 18%.