Со одлука на Совет на Општина Гевгелија, се упати препорака до Министерството за труд и социјална политика да се вратат надлежностите за дестката градинка „Детска радост“ во Гевгелија.
Во образложението што го наведе советничката од ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Елена Хаџи Николова, важно е да се вратат надлежностите затоа што, како што наведе, во градинката се случуваат немили настани како оној оваа седмица во Брајковци кога во полиција беше пријавено дека има насилство над 10 месечно женско бебе. За овој случај директорката на градинката рече за канал ВИС дека станува збор за повреда од огра меѓу деца, но, родителите обвинуваат за немарност при гледањето од страна на вработените.
На седницата на советот се донесоа следните заклучоци:
1. Министерката за труд и социјална политика да ја разреши Директорката на ЈОУДГ „Детска радост“-Гевгелија од функцијата Директор поради нестручно и несовесно работење
2. Министерката за труд и социјална политика да ја врати надлежноста на Советот на Општина Гевгелија и на Градоначалникот на Општина Гевгелија во делот на донесување на годишна завршна сметка на ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија, одземена со Решениебр.16-3102/1 од 07.04.2022 година.
3. Министерката за труд и социјална политика да ја врати надлежноста на Градоначалникот на Општина Гевгелија во делот за избор на кандидат предложен од Управниот одбор за директор на ЈОУДГ „Детска радост“-Гевгелија, одземени со Решение ИП1 16-4733/33 од 27.06.2022 година
4. Министерката за труд и социјална политика да ја врати надлежноста на Советот на Општина Гевгелија во делот за именување и разрешување на претставници од родители на деца згрижени во ЈОУДГ „Детска радост“-Гевгелија во Управниот одбор на ЈОУГД „Детска радост“-Гевгелија, одземени со Решение ИП1 16-559/3, од 01.11.2022 година.
5. Оваа Препорака влегува во сила со денот на објавувањето во Службениот гласник на Општина Гевгелија и истата ќе биде доставена до Министерката за труд и социјална политика