• Fri. Nov 22nd, 2024

Гевгелија бара поништување на одлуката за складирање и третман на отпад

ByВане Трајков

Mar 16, 2021

Општина Гевгелија бара од Министерството за животна средина да ја поништи издадената дозвола за складирање и третман на отпад на фирмата „Г&O васте солутион“ од Скопје, поради прекршување на Законот за животна средина и низа недоследности во однос на постапката за добивање согласност за работа. Вака одлучи Советот, откако повеќе граѓански организации и фирми поднесоа петиција до Општината по отворањето погон со инсталација на „Г&O васте солутион“ во Гевгелија за складирање и третман на отпад.

Советниците, кои беа на онлајн врска и со директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска, констатираа дека „Г&O васте солутион“ отворила погон за складирање и третман на отпад во населено место што било спротивно на Законот за животна средина и Законот за складирање, третман и преработка на отпад. Како што кажаа советниците, погонот со инсталацијата за третман на отпадот се наоѓа во непосоредна близина на пекари, вински капацитети и преработувачки капацитети. Паралалено, општинските власти за работа на ваков капацитет не дале позитивно мислење.

Непрофесионализам и дилетантизам е одлуката на седницата на Советот на општина Гевгелија предводена од градоначалникот Сашо Поцков, за поднесување барање за одземање на дозволата за работа на компанијата G&O Waste Solution ДООЕЛ Скопје. Од компанијата потенцираат дека се на удар на неколку приватни компании коишто преку невладините организации и градоначалникот се обидуваат да ја затворат фабриката којашто има дозвола за работа.

„G&O Waste Solution ДООЕЛ ниту загадува, ниту произведува отпад, туку врши рециклирање на пластика којашто ја извезува за Република Турција. Ова што се случува денес во Гевгелија е линч за нашиот бизнис. Ние не сме единствена ваква фабрика во овој дел на Гевгелија, наспроти нашиот комплекс само на неколку метри има фабрика која се занимава со иста дејност. Прашуваме, ако сметаме ние, зошто тие закони не важат и за другите фабрики кои се во истата индустриска зона“, реагираат од G&O Waste Solution.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *