• Sat. Nov 23rd, 2024

Гевгелија беше домаќин на отвореното Светско првенство во Меч покер

Гевгелија беше домаќин на петтото по ред Светско првенство во Меч покер или Куп на нациите 2022. На овој шампионат учествуваа 14 репрезентации: од Естонија, Германија, Исланд, Индија, Израел, Италија, Казахстан, Литванија, Монголија, Сингапур, Швајцарија, Австрија и на Украина, а за првпат учествуваше и репрезентацијата на Македонија. Светското првенство започна со дефиле на сите учесници, чии капитени пред гевгелиската публиката, на свечената бина во центарот на Гевгелија, ги изнесоа своите очекувања од ова првенство.
              Првенството беше отворено со свечена приредба, во присуство на голем број граѓани и гости, меѓу кои и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Во име на општина Гевгелија, на гости им се обрати ликовната уметница, Мирјана Крстева Массетти, која им посака топло добредојде на сите учесници и гости во градот, кој со право се нарекува портата на Европа. Овој настан има големо значење за општината, особено за развојот на туризмот, кој се наоѓа меѓу приоритетите на локалната власт, нагласи таа.
               Шампионатот го прогласи за отворен, претседателот на Светската покер федерација, Патрик Нили:
               – Нелсон Мендела има кажано дека спортот може да го промени светот на подобро. Затоа нека ова првенство помине во духот на мирот и пријателството помеѓу сите 14 репрезентации- учеснички. Истовремено,тој се заблагодари за гостопримството на хотел- казино „Аполонија“ и на Општина Гевгелија.
               На свечената приредба, која ја водеа познатата лото-девојка, Марјана Станојковска и спортскиот новина, Горан Милковски, имаше и богата музичка програма. Пред гевгеличани настапија браќата Раденови и Наталија Данаилова, фолклорните друштва „Мегдан“ од Богданци и „Бојмија“ од Гевгелија, кои го презентираа богатството на македонската фолклорна традиција. Додека, близнаците од „Некст тајм“ го затворија музичкиот дел на свеченоста со избор од своите најпопуларни песни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *