• Sat. Nov 23rd, 2024

Гевгелија бара полициски час

Гевгелија бара полициски час. Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешната седница констатира дека епидемиолошката состојба во Општина Гевгелија е алармантна. Бидејќи, за само 2 дена во општина Гевгелија се регистрирани 77 новозаразените од КOВИД-19. Притоа, од Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија беше информирано дека во текот на вчерашниот ден биле евидентирани 49 новозаразени во регионот. Тоа е досега највисока дневна бројка. Претходно највисоката евидентирана бројка изнесуваше 38. Што е уште полошо, цели фамилии се новозаразени, и тоа, се почесто со сериозни симптоми. По појавата на мутациите од Корона вирусот загрижувачки е што старосната граница на новозаразените со тешка клиничка слика е поместена на 20 до 30 години.

            На Општинскиот штаб за заштита и спасување, беше констатирано дека состојбата во Општата болница во Гевгелија станува критична. Поради напливот од огромниот број на новозаразени пациенти од КОВИД-19, се чека на ред за болничко легло. Во новоотворениот модуларен КОВИД-центар во Гевгелија сите болнички легла се зафатени. Исто така и во тријажниот центар. Од друга страна, можноста за ротирање на здравствените работници е ограничена. Бројот на здравствените работници е преполовен. Имено, дел од лекарите, медицинските сестри, лаборантите и болничарите се заразени од Ковид 19. Забележан и првиот смртен случај на една лаборантка во оваа болница.

            Затоа, од понеделник се затвора Одделението за физикална терапија кај Негорци. Дел од вработените ќе бидат ротирани на другите одделенија каде што има потреба. На Одделението за хирургија ќе се вршат само итни операции и хируршки интервенции. Поради редуцираниот број на здравствени работници и на другите одделенија приоритет ќе имаат итните случаеви, соопштија од Општата болница во Гевгелија.

            Едногласна беше оценката на Општинскиот штаб за потребата од враќање на рестриктивните мерки во сила во Општина Гевгелија.

            Затоа, и Општинскиот штаб ги донесе следните мерки и заклучоци:

        1.Се бара од граѓаните доследно да ги почитуваат и применуваат заштитните мерки од КОВИД-19 (носење заштитна маска, редовна дезинфекција на раце и површини, како и одржување на соодветно растојание на затворено или отворено);

         Надлежните општински и државни органи да ја засилат контролата на примената на мерките и протоколите за заштита од Корона вирусот.

            Да се поднесе до Главниот кризен штаб Барање за преиспитување на зголемениот процент на пополнетост на автобусите од 75% на 50%, барем за Општина Гевгелија, поради влошената епидемиолошка состојба.

            Покрај ова барање, Општинскиот штаб за заштита и спасување заклучи, исто така, да се поднесе барање до Главниот кризен штаб за ограничување на движењето во Општина Гевгелија, во периодот од 21:30 до 5:00 часот, до повторно стабилизирање на епидемиолошката состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *