• Fri. Nov 22nd, 2024

Get EXITed забавата на 7 септември во Градскиот парк во Струмица- влез бесплатен

Градоначалникот на Струмица Костадин КОстадинов на својот ФБ профил ја соопшти локацијата и дел од музичките имиња кои ќе бидат дел од музичкиот настан. Влезот ќе биде бесплатен.

-Get EXITed забавата, која ќе се одржи на 7. Септември во големиот градски парк во Струмица, носи возбудливи светски и регионални имиња!

На големата летна забава доаѓа една од водечките италијански техно ѕвезди Deborah De Luca, глобалниот хитмејкер, продуцент и DJ Mahmut Orhan, неприкосновената балканска кралица на трапот Senidah и еден од најпознатите DJ-и со интернационална кариера, Kristijan Molnar.

Наскоро ќе бидат најавени уште имиња, а влезот на оваа забава која ќе трае дури девет часа е слободен!

Get EXITed во нашата убава Струмица го најавува започнувањето на Exit фестивалот во Македонија, планиран за 2023 година, напиша Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *